Мајка монструм: Мирно слушала и гледала како двегодишната ќерка и едногодишниот син и ги силуваат нејзиното момче и пријателите
Иако родила две деца, 25 годишната Ази Вотсон од Канзас не може да се нарече мајка, а случајот со силувањето на нејзините деца ја згрози цела Америка.
Вотсон е обвинета дека двегодишната ќерка и едногодишниот син ги подведувала на 43 годишниот Чарлс Грин, кој бил нејзино момче, кој дечињата повеќе пати ги силувал и тоа во друштво на пријатели во својата куќа.
Страшните работи од ова злосторство случајно ги открила дадилката која се грижела за малечките, откако се обидела на девојчето да му промени пелени.
-Тато ме повреди. Тато, престани да бидеш лош. Тато, ме боли, плачело несреќното девојче.
После ова, дадилката го пријавила случајот во полицијата. Како што се дознало подоцна во истрагата, Ази ќерката ја носела кај своето момче, а тој заедно со своите пријатели, девојчето сексуално го злоставувал дури 10 пати, додека пак момчето било силувано пет пати.
Двете деца момчето на Ази го нарекувале „тато“, а на судењето признала дека детето било сексуално активно со сите обвинети мажи, но ниту еден од нив не бил биолошки татко на нејзините деца.
Исто така, на неа при испитувањето и било утврдено високо ниво на амфетамин во организмот, како и сексуално преносливи болести. За жал, сексуално пренослива болест пронајдена била и кај несреќното двегодишно девојче.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана