Свет
30. November 2018 - 15:54

Мајка и нејзините четири деца загинаа при пожар во Словачка

Пет лица – четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.

Како што соопшти локалната противпожарна служба, пожарот избувнал околу три часот утрово и набрзо ја зафатил целата куќа.

Жртвите се 28-годишна жена и нејзините деца на возраст од пет до девет години, кои живееле во куќата.

Причините за пожарот засега не се познати.