Мајка го убила бебето со метадон и го фрлила во канта за отпадоци
Мистериозна и бизарна глетка начекала белградската полиција. Мртво 8-месечно бебе е пронајдено завиткано во кеса и фрлено во канта за отпадоци.
Сомнежите кои биле насочуни кон мајката се покажале за точни.
Тања Лакиќ од Београд е осудена на 15 години затвор бидејќи пред 2 години со метадон ја убила својата 8-месечна ќерка Ања. Иако за време на судењето ја негирала вината, во текот на завршните зборови кажала дека “на бебето му дала метадон бидејќи мислела дека е во криза”.
“Тања е поранешна наркоманка и навистина чудна жена. Вештачењето и обдукцијата потврдиле дека бебето починало од труење со метадон, а се сомневаат дека мајќата во шишето на бебето му ставила синтетичка дрога која се користи за намалување на болките за време на терапија на хероинските зависници. Таа супстанца би го уништила организмот на бебетот и да не починало. Бебето престанало да диши. Тоа што е најстрашно, после таа случка таа бебето го завиткала во пелена и потоа го ставила во две кеси и ладнокрвно го фрлила во кантата за отпадоци” кажал извор близок со истрагата, а пренесува Балканс Прес.
Како што било претходно дознаено, бебето било пронајдено после инцидент кој се случил со мајката.
“Мајката на Тања била на море, а кога се вратила ја видела својата ќерка со исечени вени. Веднаш повикала брза помош, која се погрижила за бебето, но се поставило и прашањето, каде е бебето? Тања тогаш кажала дека бебето не е кај нејзе, но бидејќи станало сомнително полицијата се вратила во станот да го побара. Полицајците биле шокирани кога го пронашле бебето” кажува изворот на Балканс Прес.
На мајката и е дадена неопходната медицинска помош, а потоа е покрената постапка против неа.
Таа е осудена на 15 години затвор, а судијата и изрекол и мерка за лечење од дрога.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април