Мајка фрлила новороденче во јамата на полско ве-це
19 годишна девојка од струмичко село се породила дома, а потоа најверојатно го оставила бебето. Неофицијално, новороденчето е пронајдено во јама од полско ве це. Од полицијата го потврдија случајот, но не соопштија детали како и каде било најдено мртвото бебе. Се истражува дали се работи за несреќа или чедоморство.
Случајот бил откриен кога 19 годишната девојка побарала лекарска помош во струмичката болница. Откако била хоспитализирана и прегледана девојката лекарот констатирал дека таа претходно се породила по што случајот го пријавил во полиција. Веднаш по пријавувањето бил извршен е преглед на нејзиниот дом во кој на повеќе места се пронајдени докази кои укажувале на тоа дека таму имало породување.
По направениот увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител пронајдено е и тело на новороденчето. По наредба на јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција.
Во меѓувреме од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска земени се примероци од крв за анализа. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар