Loading Video...
Спорт плус
25. January 2020 - 16:00

Мајер го прекина шест годишниот „пост“ на Австријците во Кицбил

Матијас Мајер  го прекина шест годишниот пост на австриските скијачи кога во прашање беше спуст трката во Кицбил.
 
На задоволство на домашната австриска публика и на втората позиција заврши нивниот сонародник Винсент Крејхмајер кој како и Швајцарецот, Беат Фуц имаа идентични 22.стотинки послабо време од победникот. 
 
Во поредокот во спуст, актуелниот светски првак Фуц е лидер со 480 бодови, или 96 повеќе од Италијанецот, Доминик Парис, а по нив следуваат Мајер (300) и Крејхмајер (254). 
 
Со третата победа сезонава Мајер ја намали предноста на Норвежанецот, Александер Амод Килде на само 8 бода, додека трето рангираниот во Севкупниот генерален пласман, Хенрик Кристоферсон има 9 помалку од лидерот.