Loading Video...
Ракомет
21. October 2019 - 11:40

Маџовски го има третиот најубав гол на колото

 
 
Иако ракометарите на Еурофарм Работник и четврти пат сезонава загубија само со еден гол разлика левото крило на „фармацевтите“ Бојан Маџовски е во изборот ЕХФ за ТОП 5 голови на петтото коло во Лигата на шампионите. 
 
Овој погодок на Маџовски кој беше и последен за Еурофарм во финишот од мечот со Татран Прешов кој битолчани го загубија со 24-23, ЕХФ го рангира на 3.место. 
 
„Одигравме уште еден неизвесен натпревар до самиот крај. Избрзаните шутеви во нападот и спортот враќање во одбраната нè чинеше пораз на овој меч. Уште еднаш се потврди дека во оваа група нема фаворити, сите екипи се израмнети и нема лесни бодови. Сега ни следува еднонеделна подготовка за реваншот во Словачка“, изјави по мечот Маџовски