Македонија
27. November 2022 - 18:33

Маџари: Девојче по струен удар од вагон итно пренесено на Ургентен

Во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка, информираат од МВР за Сител.

На лице место излегле полициски службеници, БППЗ и ИМП. Малолетничката е пренесена во УЦ Скопје за укажување лекарска помош.