Мадуро нареди отказ за државните функционери кои потпишале петиција против него

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро наредил во рок од 48 часови да бидат сменети сите државни функционери и високо рангирани вработени во јавниот сектор, кои ја потпишале петицијата со која се бара референдум за неговото смена.
Портпарол на владејачката Социјалистичка партија изјави дека министрите во пете клучни министерства во Владата, добиле наредба од претседателот да ги отстранат од функциите сите кои не му се лојални.
Меѓу клучните министерства се наоѓаат Бинистерството за прехрана, за базна индустрија и за финансии.
Петицијата е првиот чекор за организирање референдум на кои ќе се бара предвремено смена од функцијата на претседателот.
На функцијата Мадуро е избран во 2013 година.
Тој го наследи починатиот претседател Уго Чавез, кој ја покрена левичарската „Боливарска револуција“ што Мадуро, кој претходно беше потпретседател, ја продолжи и уште повеќе ја унапреди.
Опозицијата и критичарите на венецуелската Влада го обвинуваат Мадуро дека воведувањето на социјалистичката економија во земјата, ја претвори со нафта богатата Венецуела да се соочува со најтешката економска криза во поново време.
Тие повикуваат да се одржи референдум уште оваа година за да се смени Мадуро од функцијата и за да се одржат нови претседателски избори.
Во мај годинава, за кусо време беа собрани речиси два милиони потписи, далеку повеќе од неопходните еден отсто од бројот на запишаните гласачи, со што започна процесот за организирање референдум.
Оттогаш Владата и судството, кои за разлика од Парламентот, останаа под контрола на Мадуро и неговите левичари, настојуваат да ги блокираат следните фази од процесот за собирање потписи.
Опозицијата која најави масовни протести за 1. септември, соопшти дека и досега Владата и Мадуро вршеле притисок врз сите вработени во јавниот сектор да не ја потпишуваат петицијата или да ги повлечат потписите.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
