Лукашенко: Белорусија разви своја вакцина против коронавирусот
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека земјата има развиено своја вакцина против коронавирусот.
– Ја добивме нашата вакцина во епрувета – белоруски. Друга, поинаква од онаа што ја купуваме денес. Она што лекарите го нарекуваат жива вакцина, рече Лукашенко.
Лукашенко потсети на негативните реакции што ги доби откако објави дека Белорусија планира да развие своја вакцина.
Тој исто така истакна дека не постои гаранција оти постојната вакцина ќе обезбеди заштита од нови видови на коронавирус.
– И денес имаме вакцини кои работат, (произведени) во рамките на руските технологии и купени од Кина. А утре нашата вакцина, која веќе ја имаме во епрувета, ќе ја приспособиме на кој било иден вид на вирус. Кој знае што ќе се случи утре, рече Лукашенко.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто