Ракомет
9. January 2016 - 19:54

ЛШ: ЖРК Вардар го победи Букурешт

Ракометарките на Вардар постигнаа значајна победа против Букурешт во продолжението од Лигата на шампионките. Тешко остварен триумф од 22-21 во финишот од мечот. 
Нашите шампионки во првиот дел имаа предност од 11-8 но ја загубија на пауза се замина со израмнет резултат 11-11.  Серијата на романките продолжи и во вториот дел и тие поведоа со 13-11. Следуваше израмнување а потоа со серија од 4-0  и водство од 21-19 не дозволувајќи му на противникот да постигне гол цели 10 минути. Во финишот драматично но сепак нервите беа на наша страна и победа од 22-21.  Најефикасна во нашиот тим беше Лекиќ со 5 погодоци, додека Лејно имаше 11 одбрани. Со оваа победа Вардар изби на 3. Место во групата со бод помалку од Будуќност и Ѓер. Следниот меч нашите шампионки го играат во подгорица.