Loading Video...
Ракомет
16. February 2019 - 19:50

ЛШ: Вардар загуби по водство од 5 голови од Веспрем

Македонскиот првак Вардар во меч со две различни полувремиња вечерва е поразен во Лигата на шампионите од  унгарскиот Веспрем со 29.27

          Црвено – црните одиграа бравурозно прво полувреме во кое обезбедија предност од 16 -11 .  Во тие моменти извонреден на голот беше Дејан Милосављев кој во првото полувреме оствари дури 11 одбрани додека на спротивната страна  Штербик заврши на 6.  Но во вториот дел  Унгарците се разиграа најдоа лек за нашиот голман .

          Во вториот дел Вардар се загуби на теренот и постигна само еден гол во првите 10минути додека противникот успеа 6 пати да стрела прецизно и да израмни на 17-17  а до крајот и да слави победа со која го симна Вардар од второто место во групата.  Најефикасен во Вардар беше Дисингер со 5 гола додека Стоилов забележа 4. Следниот меч Вардар го игра го гости кај Кристијанштад.