ЛШ: Вардар одигра второ полувреме за заборав
Иако на моменти изгледаше многу блиску до лидерот во групата Б во Лигата на шампиони, Кил, гостувањето во Германија европскиот шампион Вардар нема да го памети по добро откако доживеа висок пораз од 34:23 (18:14).
Германскиот клуб во првото полувреме беше подобар, меѓутоа „црвено-црните“ успеваа да го оддржуваат резултатот активен, и на почетокот на второто полувреме дојдоа и до само два гола разлика (18:16), но потоа на теренот како да играше само еден тим, за Кил да стигне до нова убедлива победа со која се одвојува на четири поени пред Веспрем на првото место во групата.
Никлас Екберг со осум и Магнус Ландин со шест гола беа најефикасни кај бундеслигашот, додека за Вардар Даинис Криштопанс имаше шест гола, а капитенот Стојанче Стоилов постигна пет.
Вардар пак, во првиот меч од ЛШ за новиот тренер Стевче Алушевски, остануваат на шестото место со 9 поени, пет пред Мотор Запорожје со тешка мисија за влез во осминафиналето на турнирот.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина