Фудбал
15. March 2018 - 9:11

ЛШ: „Ретки нозе“ на Куртоа и два гола на Меси

Нова мајсторија на Лионел Меси и два гола во мрежата на Челзи во победата од 3-0 против лондонскиот тим во реванш мечот од Лигата на шампионите.

Аргентинецот долго немаше гол против Челзи но сега во последните два постигна  три и ги однесе каталонците  во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

По првите 90 минути во Лондон, резултатот беше 1:1но уште во третата минута  Меси ја искористи лошата проценка на одбраната на „сините“, и му ја протна топката низ нозе на Тибо Куртоа за водство од 1:0.

Во 20-тата минута Усман Дембеле по асистенција на Меси го зголеми водството на 2:0.

Во 63. минута, Меси стави крај на сите надежи за хероизам на Челси на „Ноу Камп“, откако успеа да извлече тројца дефанзивци по него и повторно да му ја „протне“ топката низ нозе на Тибо Куртоа за прослава на својот јубилеен 100. гол во Лигата на шампионите.