Фудбал
3. April 2018 - 19:38

ЛШ: Реал во Торино, Баерн гостува во Севилја

Поголемо внимание привлекува гостувањето на Реал Мадрид во Торино во репризата на ланското финале кое убедливо го добија кралевите за 11-тата европска титула.

Фаворит е бранителот на трофејот но свои амбиции има и старата дама која гори од желба за реванш. Роналдо се очекува да биде клучната фигура откако постигна дури 22 гола на последните клупски и репрезентативни средби. 

            Во Јувентус се свесни дека е потребна победа но како таа да се оствари без моторот на екипата Пјаниќ, без Бенатија и Бернардески додека Зидан ќе ги има најдобрите иако е повреден Начо.

            Во  второто четвртфинале за вечерва  Севиља го пречекува  Баерн Минхен. Севиља е во одлична форма и го елиминира Манчестер Јунајтед додека во домашното првенство успешно се надигруваше со  Барселона. Баварците се фаворити но имаат лошо искуство со шпанските екипи.