Фудбал
5. May 2016 - 7:45

ЛШ: Реал Мадрид во финалето против Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако во реванш полуфиналето на домашен терен го победија Манчестер Сити со 1:0 што беше и вкупен резултат на овој двомеч.

Единствениот гол беше постигнат по ударот на Герет Бејл, а топката притоа го удри Фернандо и заврши во мрежата на Харт во 20.минута.
Реал беше подобар тим, а сезонава на домашен терен постигна 19 голови и не прими ниту еден.
Реал Мадрид ќе го игра своето 14.то финале во Лигата на шампионите, а дуелот на 28.мај на Сан Сиро ќе биде реприза од финалето од 2014 година.