Фудбал
6. јуни 2017 - 9:12

ЛШ: Реал доминира во тимот на сезоната на УЕФА

УЕФА го објави најдобриот тим во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017 и воедно го прогласи голот на Манџукиќ постигнат во финалето помеѓу Реал и Јувентус (4-1) за нај гол на сезоната.

УЕФА избра 18 играчи во тимот на сезоната, во кој осуммина се од Реал (Рамос, Карвахал, Марсело, Модриќ, Касемиро, Крос, Иско и Кристијано Роналдо). Тројца играчи доаѓаат од Јувентус и Атлетико Мадрид, двајца се од Монако, а по еден имаат Барселона и Баерн Минхен.

За нај гол на сезоната е прогласен голот на Марио Манџукиќ, постигнат во финалето во Кардиф.

„Незаборавен акробатски крај на акцијата во најголемиот натпревар во сезоната“, стои во образложението на УЕФА.

Најдобриот тим во ЛШ:

Голмани: Буфон (Јувентус), Облак (Атлетико)
Одбрана: Бонучи (Јувентус), Карвахал, Рамос, Марсело (сите од Реал), Годин (Атлетико)
Среден ред: Касемиро, Крос, Модриќ, Иско (сите од Реал), Пјаниќ (Јувентус), Бакајоко (Монако)
Напад: Гризман (Атлетико), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал), Мбапе (Монако), Левандовски (Баерн).