-->
-->
ЛШ: Барселона и Веспрем остана без четвртфинале
-->
Екипите на Барселона и на Веспрем се елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите откако во реванш дуелите вечерва не успеаја да ја надополната негативата од првите дуели против Монпеље и Скјен. Со тоа двата тима кои во првата фазат играа во „Б“ Лигата на шампионите обезбедија четвртфинале и пред се направија изненадувања.
Барселона го победи Монпеље со 30:28, но европскиот првак од 2003 година францускиот тим беше подобар во вкупниот резултат со 56:55 откако на првиот дуел победи со 28:25. Барселона во еден момент водеше и со шест голови разлика но не ја зачува предноста.
Скјерн успеа да ја сочува предност од првиот дуел (32:25) и го елиминира унгарски Веспрем. Унгарскиот шампион победи во реваншот со 34:29 - вкупен резултат 61:59 за Скјерн. Во редовите на Веспрем, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна 6 голови.
Ова е голем неуспех за Барселона и за Веспрем кои беа второпласирани во групите, а лани играа и на Ф4 турнирот во Келн.
Утре се играат другите три реванш дуели:
ПИК Сегед - Кил (22:29 прв натпревар)
РНЛ - Киелце (17:41)
Нант - Мешков Брест (32:24).
Пласман во четвртфиналето има обезбедено уште и бундеслигашот Флензбург кој постигна две победи над Кристијанштад - 26:22 и 27:24.
Европскиот првак Вардар и ПСЖ директно како првопласирани од групите се пласираа во четвртфиналето.
Во четвртфиналето ќе играат:
Фленазбург - Монпеље
Вардар - Кил/ПИК Сегед
ПСЖ - Киелце/ РНЛ
Нант/ Мешков Брест - Скјерн
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар