Фудбал
14. September 2016 - 9:26

ЛШ: Барса броеше до 7 против Селтик

Доминантни престави на Барселона и минхенски Баерн, ремито на ПСЖ и Арсенал, победата со пресврт на Наполи, минималецот на Атлетико и голот во 93.минута на Бешикташ го обележаа стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
 
Барселона го декласира Селтик со 7-0, блескаше на овој натпревар Нејмар, иако Меси запиша хет трик. Бразилецот постигна гол од слободен удар и запиша четири асистенции. Два гола беа дело на Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Иниеста.
 
Бугарскиот шампион Лудогорец успеа да освои бод во Базел. Лудогорец постигна гол од својата единствена шанса во 45.минута преку Кафу, а бод на Базел му донесе Стефен на десет минути до крајот на мечот.
 
Во дербито на ова коло ПСЖ и Арсенал одиграа 1-1. ПСЖ постигна гол по само 40 секунди игра кога Кавани го совлада Оспина. Домаќинот доминираше во продолжението на мечот, Квани, Ди Марија и Рабио не реализира добри шанси, што Арсенал го казни преку Санчез во финишот на мечот.
 
Сигурен старт во Лигата на шампионите имаше Баерн, кој против дебитантот Ростов победи 5-0. Левандовски го постигна првиот гол, потоа погоди Милер, па два гола постигна Кимих, а серијата ја заврши Бернат.
 
ПСВ, во Ајндховен, го пречека Атлетико, во реприза на осминафиналните пресметки одиграни минатата сезона. Атлетико славеше минимално со голот на Саул Нигез во 43.минута. Капитенот на домашните Гуардадо на истекот на првиот дел не реализираше пенал. Неговиот удар го одбрани Облак.
 
Наполи со пресврт победи во Киев. Динамо постигна гол во 26.минута преку Гармаш, десет минути подоцна израмни Милик, а истиот играч во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел го постави конечниот резултат.
 
Бенфика против Бешикташ победата ја испушти во 93.минута, кога Талиска постигна прекрасен гол од слободен удар. Иронијата да биде поголема Талиска во овој преоден рок во Бешикташ пристигна токму од Бенфика.
 
Натпреварот Манчестер Сити-Борусија Менхенгладбах не се одигра поради обилните врнежи во Манчестер. Овој натпревар ќе се одигра в среда.