Фудбал
27. August 2015 - 19:11

ЛШ: Баерн и Арсенал во иста група

Попладнево во Нион беа извлечени групите за Лигата на шампионите во фудбал. Судбината сакаше во иста група да играат Баерн и Арсенал односно Јувентус и Манчестер Сити. Интересно е што единствениот претставник од Балканот , Динамо Загреб е во најсилната група со Баерн, Арсенал  и Олимпијакос. 

Мечевите стартуваат на 25-ти септември а финалето се игра на Сан Сиро на 28. мај.
ГРУПА А: ПСЖ, Реал Мадрид, Шахтар, Малме
ГРУПА Б: ПСВ, Манчестер јунајтед, ЦСКА Москва, Волфсбург 
ГРУПА Ц: Бенфика, Атлетико, Галатасарај, Астана
ГРУПА Д: Јувентус, Манчестер сити, Севилја, Мехенгладбах
ГРУПА Е: Барселона, Леверкузен, Рома, БАТЕ Борисов
ГРУПА Ф: Баерн Минхен, Арсенал, Олимпијакос, Динамо Загреб
ГРУПА Г: Челси, Порто, Динамо Киев, Макаби Тел Авив
ГРУПА Х: Зенит, Валенсија, Лион, Гент