Фудбал
12. December 2018 - 19:03

ЛШ: Англиските екипи поуспешни од италијанските

Англиските клубови Ливерпул и Тотенхем  остварија пласман во  осминафиналето  по драматични случувања во последното коло  од групите.  Најмногу загуби Интер кој не успеа да го совлада  ПСВ Ајднховен и ќе продолжи во Лига Европа.

            Ливерпул играше против директниот конкурент  Наполи и ја оствари потребната победа од 1-0 со погодокот на Салах  во 34-тата минута.  Наполи  имаше свои шанси за избегнување на поразот но не успеа да ги искористи па победата на  ПСЖ во Белград против Црвена Звезда од 4-1 ќе ги продолжи натпреварите во Лига Европа.

            Французите доминираа против поранешниот европски првак и лесно ја остварија посакуваната победа. Четирите гола за гостите ги постигнаа  Нејмар, Кавани, Маркињос и  Мбапе.  Интер  остана во шок откако не успеа да го совлада ПСВ Ајднховен и му го препушти второто место на Тотенхем.  Холандскиот тим  водеше долго со погодокот на Лозано.  Конечните 1-1 ги постави Икарди но тој резултат беше недоволен откако  Тотенхем остана непоразен во Барселона каде Лукас по акцијата на Кејн израмни за конечни 1-1 со што го анулира погодокот на Дембеле на стартот од мечот.    

Вечерва вниманието го привлекува мечот во Киев каде Шахтјор  го пречекува францускиот Лион. На Украинците им е потребна победа за да се пласираат во осминафиналето додека на Лион му е доволен бод. Во вториот меч од оваа група играат Манчестер Сити и Хофенхам.  Во останатите групи нема да има драматика бидејќи сите дилеми се решени.