Фудбал
30. October 2020 - 8:53

Лорис е првиот француски голман кој одигра 100 натпревари во европските купови

Голманот на Тотенхем Хуго Лорис синоќа против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа го одигра својот 100. натпревар во европските фудбалски купови.

Според „Опта“, Лорис е првиот француски голман со вакво достигнување.

Тој има 32 натпревари во Лигата на Европа (вклучувајќи ги и квалификациските фази) и 68 натпревари во Лигата на шампионите (вклучувајќи ги и квалификациските фази).

Сепак, Лорис немаше многу причини за прослава на јубилејот, бидејќи неговиот тим Тотенхем загуби на гостувањето во Белгија од Антверп со 1:0