Loading Video...
Фудбал
10. May 2019 - 9:34

Лондонските ривали Арсенал и Челзи ќе играат во финалето на Лига Европа

Откако Ливерпул и Тотенхем се изборија за финалето во Лигата на шампионите, синоќа лондонските ривали Арсенал и Челзи обезбедија пласман во финалето на Лига Европа. 

 
Арсенал и по втор пат беше подобар од Валенсија во полуфиналната пресметка. Откако првиот меч во Лондон „топџиите“ го добија со 3-1, синоќа на „Местаља„ славеа со 4-2. 
 
 
Затоа пак Челзи се изнамачи во дуелите со Анјнтрахт. Двете средби завршија со идентични 1-1, па патникот во финалето го решија пеналите. 
А, во пенал-рулетот откако кај Челзи не реализираа Аспиликуета, а кај гостите неуспешен беше Хинтерегер, во решавачката петта серија Кепа го одбрани ударот на Пасиенсиа, додека Азар беше пречизен за голема радост на „сините“. 
 
Финалето меѓу Арсенал и Челзи ќе се игра на 29 мај во Баку, додека на 1 јуни во Марид, Ливерпул и Тотенхем ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. 
 
 
Со тоа англиските екипи испишаа историја, односно за прв пат четири тима од иста земја ќе играат во финалните натпревари. 

 

Единствениот случај, во кој друга држава имала четири финалисти во Европа во рамките на една сезона е Италија во сезоната 1989/90. Тогаш имаше три европски турнири. Тогаш Италија имала по еден финалист во Купот на шампионите и Купот на победниците на куповите, како и два во Купот на УЕФА.