Лондон сака нов безбедносен договор со ЕУ по Брегзит
Британската Влада соопшти дека сака со Европската Унија да склучи нов договор за безбедност, што ќе дозволи продолжување на соработката во борбата со криминалот и тероризмот по Брегзит, пренесоа француските медиуми.
Владата преку коминике соопшти дека сака договор што „ќе ја претставува правната рамка за продолжување на полициската соработка, соработката во областа на безбедноста и казненото право по нашето излегување“.
Тоа, соопшти официјален Лондон, ќе овозможи да се избегне појавата на „дупки во оперативната активност“ по Брегзит, предвиден за март 2019 година.
„Ефикасната меѓународна соработка е апсолутно неопходна како за Обединетото кралство, така и за ЕУ, доколку сакаме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани и криминалците да ги изведеме пред суд“, во коминикето посочи министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис.
Работниот документ е дел од серијата текстови, во кои Лондон ги изложува своите позиции за клучните прашања по разводот од ЕУ, вклучувајќи ја и северноирската граница. Во него се очекува Владата на Тереза Меј да каже дали ќе остане во Европол - агенцијата која ги поддржува земјите членки на Унијата во борбата против организираниот прекуграничен криминал и тероризмот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација