Македонија
24. August 2017 - 17:25

Локализиран пожарот на Водно

Пожарот што попладнево избувна на Водно е локализиран, а противпожарните единици работат на негово целосно гаснење, иинформира командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски.

На терен се четири противпожарни возила и возила на ЈП „Комунална хигиена“ кои помагаат за дотур на вода.

Според Томевски, огнот зафатил површина од четири до пет илјади метри квадратни.   

Пожарот избувнал околу 15:00 часот. Причините за избувнувањето се уште не се познати.