Џет-Сет
29. September 2018 - 15:35

Љубовта е се појака, Адријана Лима со емотивна порака за своето момче

Манекенката Адријана Лима судејќи по фотографиите објавени на социјалните мрежи ужива во љубовта со турскиот писател, Метин Хара.

Иако се шпекулираше дека овој пат ставил точка на својата романса, тоа го демантираа со романтични пораки на социјалните мрежи.

Далечината е пречка во нивната врска, а поради работните обврски Метин Хара и топ моделот го користат секој слободен момент за да се видат и да ги покажат своите емоции.

Овој пат Метин и Лима постави романтична порака на Инстаграм „Ми недостасува моето светилиште“, а таа му врати со иста мерка.

-Ми недостасува мојот пламен. Далечината нашата љубов само ќе ја зајакне, напиша Лима објавувајќи нивна заедничка фотографија.