Фудбал
18. April 2019 - 11:16

Љоренте: Со мака со рака, голот е регуларен

Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте, рекол дека судиите ја донеле вистинската одлука кога го признале неговиот гол на мечот со Манчестер сити. Овој гол на Шпанецот на Тотенхем му обезбеди пласман во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Тотенхем победи во првиот меч со 1:0, реваншот им припадна на Сити со 4:3. Третиот гол што го постигна Љоренте во 73 минута им донесе голема радост на Спарс.

„Почувствував дека топката малку ми ја допре дланката, но дланката беше блиску до топката, која јас не ја видов. Не се обидов да ја удрам топката со рака и мислам дека мораше да биде гол, но во такви моменти не знаете што може да се случи“, рекол играчот на Тотенхем