Фудбал
5. October 2015 - 9:03

Ливерпул заврши со Роџерс

Само неколку часови по нерешениот резултат на Мерсисајд дербито меѓу Евертон и Ливерпул, кое заврши со резултат 1:1, управата на Ливерпул соопшти дека соработката со менаџерот Брендан Роџерс е завршена.
 
- Сакаме да му се заблагодариме на Брендан Роџерс за значајниот придонес во функцуонирањето на нашиот клуб изминатиот период. Не се сомневаме дека тој ќе има долга и успешна кариера во овој спорт, одлуката за разделба не беше лесна, но моравме да реагираме за да создадеме можност тимот да започне да бележи позитивни резултати, се вели во соопштението на раководството.
 
Се очекува „црвените“ во најскоро време да именуваат нов стратег, а досега најгласно се шпекулираше со името на доскорешниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, како и поранешниот тренер на Челзи, Милан, Реал Мадрид  Карло Анчелоти.