Фудбал
10. August 2017 - 9:31

Ливерпул одби 100 милиони евра од Барселона за Кутињо

Премиерлигашот Ливерпул експресно ја одби новата понуда за Фелипе Кутињо, која синоќа пристигнала за овој фудбалер во висина од 100 милиони евра. Понудата била составена во два дела 85 милиони во пари веднаш плус дополнителни 15 милиони евра како бонуси. Во Ливерпул се децидни дека Кутињо не е на продажба ова лето.

Од Ливерпул понудата веднаш ја одбиле со што „паднаа во вода“ сите претходни најави дека Кутињо ќе потпише за Барселона до петок.
Тој според последните вести од Ливерпул ќе го пропушти првиот натпревар од Премиер лигата во сабота против Вотфорд поради повреда.