Ливерис најави повлекување од раководната функција на хемискиот гигант ДауДуПонт
Директорот на хемиската компанија ДауДуПонт Ендрју Ливерис најави дека ќе се повлече од компанијата на 1 април по 40 годишна кариера во која круната беше спојувањето на двата гиганти - ДуПонт и Дау во 2017 година.
Бордот на компанијата најави дел од новите директори кои ќе раководат со најзначајните одделенија. Џим Фитерлинг и Хауард Унгерлејдер од Дау компанијата во иднина ќе раководат со одделението за материјални науки на ДауДуПонт, кое е задолжено со производство на низа хемиски соединенија кои се употребуваат во автомобилската и козметичката индустрија.
По спојувањето на Дау и ДуПонт, новата компанија има уште две водечки одделенија, за производство на пластики и полимерни соединенија, и за земјоделски производи. Ливерис изјави дека наскоро ќе бидат познати идните раководители и на овие две одделенија.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата