Лисичани позитивно ја прифаќаат акцијата за селектирање пластика
Граѓаните позитивно ја прифаќаат акцијата за собирање пластика од домовите што ја започна Општина Аеродром во населбата Лисиче, соопштија од Општината.
Велат дека за неколку денови биле посетени куќите од неколку улици во оваа населба и веќе 50-ина семејства со задоволство ги потпишале договорите за соработка.
- Акцијата вклучува околу 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои им се оставаат по две ќеси за да ја селектираат својата пластика. Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад, посочија од Општина Аеродром.
Од Општината наведуваат дека резултати што се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.
Акцијата се одвива во соработка со еколошкото здружение „Гоу грин“ и Ромскиот бизнис информативен центар, а со поддршка на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна