Loading Video...
Тенис
26. July 2018 - 16:46

Лина Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето

 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот што се игра во унгарскиот град Баја.
 
Ѓорческа во четвртфиналната рунда беше поразена од четвртата носителка на турнирот домашната тенисерка Река-Луца Јани со 2:1 во сетови.
 
Иако Лина го доби првиот сет со 6-3, а направи и брејк во вториот сепак истиот го загуби со идентични 3-6. 
 
Во решавачкиот трет сет, Унгарката и препушти на Ѓорческа само два гема, па сето го реши во своја полза со 6-2.