Бизнис
9. August 2016 - 19:52

Лимак ќе гради модерен комплекс кај старата железничка

Подземна сообраќајница, дваесетканици, хотел, трговски центар – срцето на Скопје ќе добие комплетно нов лик. Туркста компанија Лимак објави дека наскоро почнува со изгрдбата на комплексот кај Старата железничка станица вклучително и тунелот кој треба да го олесни сообраќајот.

Проектот е готов, Лимак соопшти дека тој предвидува современ, атрактивен, мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.

Тунелот ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Станува збор, наведуваат од компанијата, за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.

Проектот ќе се гради на површина од  околу 300.000 квадратни метри. Комплексот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.

Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, ќе биде обновена од градските власти и  ќе биде вградена во комплексот.

Холдингот Лимак е гигант во градежниот сектор, и има реализирано многу инфраструктурни прокети во повеќе земји.