Loading Video...
Фудбал
16. November 2018 - 19:45

Лихтенштајн посакува бод од дуелот со Македонија

Денис Салановиќ е еден од подобрите репрезентативци на Лихтенштајн.  Тој во изјава за сајтот на федерацијата најави многу подобра игра на неговата селекција од претходните дуели со Македонија: 
Наша цел е  против Македонија да освоиме бод, или доколку ни се укаже шанса  три бода.  Најважно е да создаваме шанси и да постигнеме гол или два. Би било добро доколку први го отвориме резултатот  што би ни дало предност. 
Сигурно дека ќе се обидеме против Македонија да настапиме офанзивно, да ги нападнеме од повеќе позиции но дали ќе успееме ќе се види на самиот натпревар.  Имаме повеќе варијанти за овој натпревар секако дека една од нашите шанси се контранападите каде можеме да го изненадиме противникот.  Играме против искусна и квалитетна селекција од која убедливо ги загубивме последните три средби но сметам дека имаме доста новитети и напредок во нашата игра и тоа ќе го потврдиме во дуелот со Македонија која секако е голем фаворит вечерва. 
Лихтенштајн има една победа во групата и е на последното место додека на врвот е Македонија со 9 бода и може да го завери првото место и учеството во полуфиналето. 
Во нашиот тим вечерва ќе недостасуваат казнетите  Елмас и Алиоски  како и повредените Ристовски, Дарко Велковски и Нилсон. 
Во истиот термин вечерва во 20.45ч играат  Гибралтар и Ерменија.