Loading Video...
Фудбал
18. December 2019 - 19:45

Лига на нации: Со Косово во Скопје

ФФМ дефинитивно одлучи полуфиналниот дуел со Косово од Лигата на нациите да се одигра на арената Тоше Проески во Скопје. 

Ваквата одлука дојде по заседавањето на Управниот одбор кој на денешната седница ја одреди и премија за настапот во квалификациите за ЕП. 

Полуфиналето со Косово се игра на 26.  март наредната година но одлуката е донесена за да се  отстранат дилемите околу овој значаен фудбалски настан за  нашата репрезентација но и за Косово кое  има одлични резултати на меѓународната сцена по краткото формирање. 

Според пропозициите се игра еден натпревар и победникот ќе игра во финалето со подобриот од второто полуфинале во кое силите ќе ги одмерат селекциите на Белорусија и Грузија.  Победникот во финалето ќе игра на следното Европско првенство. 

Деновиве се очекува ФФМ со официјален допис да ја извести УЕФА за местото на одигрување на натпреварот и постепено да се пристапи кон негова организација. 

УО донесе одлука на членовите на фудбалската репрезентација да им се исплати награда од 50 000 евра за освоеното 3. Место во претходниот квалификациски циклус.