Loading Video...
Фудбал
14. October 2018 - 18:18

Лига на нации: На Македонија и се насмевнува полуфинале

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива игра го порази Лихтенштајн со 4-1 и се зацврсти на врвот  откако Гибралтар ја изненади Ерменија во Ереван и на избраниците на селекторот Ангеловски им отвори голема шанса со добар резултат во вторник токму против Ерменците да го визираат учеството во полуфиналето во Д- дивизијата од Лигата на нации.  

           Оваа селекција на Македонија по трет пат во новото натпреварување познато како Лига на нации покажа дека знае како знае само да го скрои резултат. Доминантна и ефикасна предводена од изворедниот Горан Пандев не му даде никаква шанса на противникот кој по мечот призна дека разликата е во класа.  Резултатот со два гола го отвори Трајковски за високо водство на рисовите.

          Убедливата победа ја  потврди капитенот Пандев со гол во 36 минута со што почна славјето на трибините иако гостите ублажија на 3-1 преку Јилдаз кој знаеше да ја казни грешката на нашата одбрана.

          Конечните 4-1 ги постави Алиоски со одлична соло акција.

          Резултат кој посети на дуелот во  Крањ пред 25 години кога македонскиот фудбал се промовираше на светската сцена совладувајќи ја Словенија со 4-1.  Учесниците на тој историски натпревар предводени од легендарниот тренер Андон Дончевски беа поздравени на Филип Втори а ФФМ им врачи и пригодни награди по повод јубилејот.

          А  убавата вечер за македонскиот фудбал беше заокружена со изненадувањето во Ереван каде Гибралтар минимално со 1-0 го совлада нашиот најголем конкурент во групата Ерменија каде гостуваме веќе во вторник во возвратниот меч.