Фудбал
7. December 2017 - 19:43

Лига на нации: Македонија меѓу носителите

УЕФА ги објави квалификациските групи од Лигата на нациите во кои е и нашата фудбалска репрезентација која се најде во првиот шешир во групата -Д како еден од носителите на новоформираната Лига која ќе стартува следната година. 

Македонија е рангирана како 41-ва во Европа и е во група со Азербејџан, Белорусија и Грузија репрезентации кои не можат да ни бидат противници. Извлекувањето е на 24. јануари во Лозана.

Втор шешир: Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург.
 
Трет шешир:  Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта. 
Како најслаборангирани во оваа конкуренција во четвртиот шешир  се сместени селекциите на Андора, Косово, Сан Марино и на Гибралтар.