Фудбал
3. December 2015 - 8:16

Лига куп: Ливерпул се „прошета“ во Саутемптон

Екипата на Ливерпул на убедлив начин стигна до полуфиналето на Лига купот откако синоќа во последниот четвртфинален дуел од ова натпреварување како гостин го совлада Саутемптон со 6:1.

Домашните поведоа со голот на Мане во 1.минута, додека гоовите за Ливерпул ги постигнаа - Дивок Ориги три (45; 68, 86) Даниел Страиџ - два (25 и 29) и Џордан Ајб - еден (73). 
Ливерпул во првиот натпревар од полуфиналето ќе гостува кај Стоук, додека во второто полуфинале ќе играат: Евертон и Манчестер Сити.
Термините за одигрување на дуелите се: 5 и 6.јануари (први дуели) и 26 и 27.јануари (реванши).