Фудбал
15. April 2016 - 0:17

Лига Европа: Чудо во Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул обезбедија полуфинале во Лига Европа, откако неговите фудбалери направија  неверијатен пресврт против Борусија Дортмунд. Ливерпул имаше негатива од 0-1 и 1-3, во 57.минута, но на крајот со голот на Ловрен во 91.минута славеше со 4:3.
 
Покрај во Ливерпул, драма се случуваше и во Севилја каде бранителот на трофејот по изведувањето на пенали го елиминира Атлетик Билбао.
 
Борусија фуриозно влезе во мечот и во деветтата минута со головите на Мхитаријани Обамејанг поведе со 0-2. До крајот на првиот дел Обамејанг пропушти две шанси да го дотолчи противникот.
 
Ориги на стартот од второто полувреме ги врати надежите на „црвените“ кога намали на 1-2. Но, во 57.минута Ројс повоторно ја врати предноста на Борусија од два гола.
 
Десет минути по голот на Ројс, Кутињо постигна убав гол намали на 2-3 и ја најави тоталната офанзива на Ливерпул.
 
Израмнување на резултатот донесе Сако на 13 минути до крајот на мечот, а вистински делириум на Енфилд предизвика голот на Ловрен, со кој Ливерпул направи пресврт сличен на оној во 2005 година против Милан во финалето во ЛШ.
 
Покрај Ливерпул полуфинале изборија Вољареал, Шахтјор и Севилја.
 
Вољареал одигра фуриозни 45 минути во Прага Бакамбу, Кастиљехо и Бруно Сориано постигнаа три гола, а крај на приказната стави Бакмбу со својот втор гол постигнат во 49.минута. До крајот на натпреварот Спарта избори присотен пораз со головите на Дочкал и Крејчи.
 
Шахтјор лесно ја победи Брага со 4:0, а раритет се двата авто гола на Фереира. Покрај португалскиот дефанзивец голови постигнаа уште Срна од пенал и Коваленко.
 
Севилја против Атлетик Билабоја испушти предноста која ја стекна во првиот натпревар. Аските слвеа со 2:1, со головите на Адуриз и Раул Гарсија, додека голот за Севилја го постигна Гамеиро.
 
Во продолженијата двата тима имаа свои шанси да го решат мечот, а откако не ги реализираа шансите се влезе во пенал серијата.
 
Севилја го доби пенал рулетот со 5:4, единствен кој не реализираше беше Бењат.
 
Резултати:
 
Ливерпул-Борусија Дортмунд 4:3 (прв натпревар 1:1)
 
Шахтјор-Брага 4:0 (прв меч 2:1)
 
Спарта Прага-Вољареал 2:4 (прв меч 1:2)
 
Севилја-Атлетик Билабо 1:2, пенали 5:4 (прв меч 2:1).