Лидерската средба на Заев и Мицкоски утревечер во Владата
Премиерот и лидер на СДСМ денеска информираше дека утре во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба.
-Ќе почекам утре да видам кои се барањата, ќе ги соопштам и нашите предлози и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е преурането и не би ги коментирал, изјави Заев.
На новинарско прашање зошто на средбата не учествуваат и лидерите на главните албански партии, Заев потенцира дека за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.
Мене ми е значајно, подвлече, да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште. Следува ратификацијата, да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев, додавајќи дека ќе разговара како премиер и претседател на најголемата политичка партија со шефот на опозицијата на тие теми, заради тоа што верува во заедничката одговорност пред историските одлуки што нашата земја треба да ги донесе.
На новинарско прашање дали претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби, Заев потенцира дека Пендаровски е безбеден. Утврдено е, посочи, дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни, посочи премиерот.
Како што информираше Пендаровски, тој вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.
– Ако ме прашавате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.
– Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам, рече Пендаровски.
Неговиот впечаток е дека е следен, но, како што рече, сака официјален орган да му каже дали е тоа точно и се разбира, дали е само тој предмет на следење.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко

