Лидерска средба во петок во Виена
Средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, во петок во Виена планира меѓународната заедница, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Скопје за МИА.
Поканата до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, формално ја упатиле тројцата европратеници вклучени во постигнувањето и спроведувањето на договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. На средбата во Виена е предвидено да присуствуваат и комесарот на ЕУ за преговори за проширување Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.
Еврокомесарот Хан во саботата за време на посета во САД изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и упати апел до партиите потписнички на договорот од Пржино да се вратат на преговарачка маса и на патот кон евроинтеграциите. Тој за таа цел најави уште еден обид за посредување заедно со членовите на Европарламентот.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени