Лидерите од Азиско-пацифичкиот регион по Анталија, се собраа во Манила
Лидерите на 21 држава од регионот на Азија и Пацификот, меѓу кои и се претседателите на САД и Кина, Барак Обама и Си Џинпинг, денеска пристигнаа во Манила, каде ќе се одржи Самитот на организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), посветен на економските односи, технолошкиот развој и мерките за намалување на емисиите на штетни гасови.
На Самитот на АПЕК не допатуваа претседателот на Русија, Владимир Путин и на Индонезија, Јоко Видодо. Единаесет од учесниците на собирот на Манила, учествуваа и на Самитот на Г-20 што се одддржа во Анталија.
Самитот на АПЕК ќе го отвори филипинскиот претседател Бенињо Акино, кој денеска за медиумите изјави дека очекува усвојување на документи со кои ќе се забрза технолошкиот развој на малите и средни компании од овој регион, кои учествуваат со повеќе од една третина во вкупната светска размена.
Покрај економските договори, аналитичарите очекуваат и одделни средби на учесниците на кои ќе се разговара за мерките за сузбивање на тероризмот во светот и за актуелните проблеми поврзани со суверенитетот и територијалните барања на државите од овој регион во однос на Јужното Кинеско Море.
Во рамките на подготовките на Самитот, во Манила беа оддржани голем број договорни средби на економски и политички експерти, а завршната декларација вчера ја усогласуваа министрите за надворешни работи на државите-членки на АПЕК.
Ново на Сител
-
Алкалоид со инвестиција вредна 1.3 милиони евра
-
СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски поддржа спорна резолуција на ЕПП
-
Мицкоски: Францускиот предлог дојде откако власта во државава го прифатила, имам информација дека преговарачки тим води тајни разговори во Софија
-
Мицкоски: Струјата реално ќе поскапи за 18 проценти, народот ќе гори се за да се затопли оваа зима
-
Собранието ќе ја продолжи 75. седница
-
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостин во Тема на денот во Дневникот на Сител
-
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
-
Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии