Лицемерието на СДСМ: Цела фамилија Медарски вгнездена во судството
Лицемерието на СДСМ повторно излегува на виделина. Партискиот адвокат на СДСМ Филип Медарски, чија фамилија практично е вгнездена во македонскиот судски систем излезе со низа обвинувања откако вчера Основниот суд Скопје 1 извести дека доказите за прислушувањето се незаконски прибавени.
Лицемерно е што СДСМ го обвинува судот додека нивниот партиски адвокат е главен во македонските судови. Јавноста пред извесно време беше запознаена за вистината за судството во Македонија. Заев не му верува на судството во кое мајката на неговиот адвокат кој го брани е обвинителка, а неговата сестра судија.
Имено, според информациите, мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.
Неговата сестра пак, Ана Медарска, како што објавија медиумите неодамна работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од сето ова произлегува дека најтесната фамилија на адвокатот на Заев е добро распоредена во судските кругови, дели правда и е дел од судскиот систем во кој првиот човек на СДСМ не верува.
Со ова се потврдува лицемерието во кое адвокатот на Заев, Филип Медарски го покажува силното влијание на СДСМ во судството во кое на одлучувачки позиции се неговата мајка која работи во Вишото јавно обвинителство, таткото на неговата сопруга е секретар на судот Ристе Спасов, а и сопругата Софија која е судика во Oсновен суд 2 Скопје.
Ново на Сител
-
Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона
-
Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик
-
СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
-
21-годишник со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон