Loading Video...
Свет
2. April 2021 - 12:33

Лицата под 60 години да не примаат втора доза од антиковид вакцината на „АстраЗенека“

Лицата под 60 години да не примаат втора доза од антиковид вакцината на „АстраЗенека“, препорачуваат германските експерти. Од германската комисија за вакцини велат дека нема научни докази за безбедноста на мешањето на две различни вакцини, но сепак нивната препорака е овие лица да ја примат втората доза од друг производител.

Пред неколку дена Германија одлучи само луѓето над 60 годишна возраст да се вакцинираат со АстраЗенека, откако беа регистрирани 31 случај на сериозен тип на тромбоза. Од друга страна пак Велика Британија инсистира да продолжи вакцинацијата со АстраЗенека. Иако и таму се регистрирани 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта, регулаторот на лекови во земјата потенцира дека придобивките од вакцината се поголеми од сите можни ризици.