Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
Главниот државен обвинител на Либија нареди притвор за водечкиот командант на паравојната милиција, Мохамед Барун, и неговиот помошник во рамки на истрагата за убиството на еден од најозлогласените трговци со луѓе во земјата, Абдел-Рахман Милад.
Мохамед Барун, командант на Првиот баталјон за поддршка, како и еден од неговите соработници, се предале откако се јавиле обвинувања за нивната улога во убивството на Абдел-Рахман Милад во престолнината Триполи во минатата недела.
Канцеларијата на главниот државен обвинител ал-Седик ал-Сур, соопшти доцна синоќа дека обвинителите наредиле да останат во притвор по што биле испитани и покажале докази за нивната мешаност во убивството на Милад.
Милад, кој бил под санкции од Оедините нации и затворен во Либија по обвиненија за трговија со луѓе, беше убиен на 1 септември додека бил во своето возило во областа Сајед, во западниот дел на Триполи.
Тој и Барун имаа потекло од западниот град Завија каде Милад командуваше озлогласената единица на крајбрежната стража.
Обајцата станаа истакнати во хаосот по бунтот поддржан од НАТО, кој се претвори во граѓанска војна, со кој беше соборен и убиен долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи во 2011 година.
Од тогаш, земјата е поделена меѓу две администрации, секоја поддржувана од наоружени банди и странски влади. Милад и Барун биле на државни позиции во западниот дел на земјата.
Во јуни 2018 година, Советот за безбедност на ОН воведе санкции против Милад и пет други лидерски фигури на криминални организации за нивната наводна улога во трговија со мигранти во Либија.
Во извештај на ОН, Милад беше опишан како шеф на единицата на крајбрежната стража во Завија „која е поврзана со насилството над мигранти и други krijumčари луѓе“ од ривалните банди.
Стручњаците од ОН кои следат санкциите тврдат дека Милад и другите членови на обалната стража „биле директно вклучени во потопувањето на мигрантски чамци“ со отворање оган кон пловилата.
Пресретнатите мигранти биле држени во притворски центри кои ги води владата, со практики кои претставуваат злосторства против човештвото, според истражувачите од ОН.
Злоставувањето често ги следи обидите за изнудавање на пари од семејствата на затворените мигранти пред да ги пуштат на слобода или да им дозволат да напуштат Либија со бродови за Европа.
Милад негира каква било врска со трговија со луѓе и рече дека трговците со луѓе носат униформи слични на униформите на неговите луѓе.
Тој бил во затвор околу шест месеци од октомври 2020 до април 2021 година по обвиненија за трговија со луѓе и шверц на гориво.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон