Либија не сака бегалци: ЕУ со реадмисијата сака да ја отфрли својата одговорност
Либискиот министер за надворешни работи Мохамед Тахер Сиала ја отфрли синоќа идејата бегалците спасени од морето да се вратат во Либија.
- Со тоа ЕУ би ја отфрлила својата одговорност и наместо тоа на нас би го префрлила товарот, изјави тој на конференција на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена.
Сиала порача дека Либија единствено ќе ги прифати оние кои во своите документи имаат либиска виза.
Тој нагласи дека ЕУ мора да инсистира на спогодба за реадмисија со африканските земји, бидејќи Либија е само транзитна земја за африканските бегалци.
Тој смета дека е неопходно да се создадат подобри услови во земјите на потекло, односно работни места за младите, бидејќи тоа е единствен пристап со кој ќе се спречи миграцијата.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот