Свет
18. December 2017 - 10:44

Либанската полиција уапси таксист осомничен за силување и убиство на британска дипломатка

Либанската полиција денеска уапси такси возач, кој е осомничен за бруталното силување и убиство на британската дипломатка Ребека Дајкс во петокот.

Телото на Дајкс (30) беше пронајдено покрај автопат во близината на Бејрут. Таа исчезната во петокот вечер, по забава со пријателите во населбата Гемејзе.

Дајкс работела во Бејрут од почетокот на годинава во канцеларијата на Министерството за меѓународен развој во британската Амбасада.

Според првичните информации од полициската истрага, напаѓачот ја силувал Дајкс, по што ја задавил.

Весникот „Тајмс“ јавува дека осомничениот за убиството бил уапсен во раните утрински чесови при полициска акција и дека неговото име е Тарик.