Џет-Сет
14. July 2016 - 12:26

Леонардо ди Каприо продуцент на новиот филм за Робин Худ

Во јануари и февруари следната година во Дубровник ќе се снима филмот „Robin Hood: Origins“ во продукција на Леонардо ди Каприо, објави локалната власт.

Дубровник, според најавите, ќе биде замена за Нотингем, а во градот би требало да пристигнат неколку „оскаровци“ меѓу нив и Џејми Фокс, кој ќе го игра „Малиот Џон“. Робин Худ ќе го игра Тарон Егертон, улогата Марион ќе ја игра  Ева Хевсон.

Извршен продуцент е актерот Леонардо ди Каприо, а режијата е на Ото Батурст.