Џет-Сет
20. January 2016 - 10:28

Леонардо ди Каприо донира 15 милиони долари за заштита на животната средина

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо најави на економскиот самит во Давос дека неговата фондација ќе донира 15 милиони долари за заштита на животната средина.

- Не смееме да дозволиме коорпоративната алчност за јаглен, нафта и гас да ја формира иднината на човештвото, нагласи Ди Каприо.

Познатиот актер рече дека е почестен што има можност во Давос да укаже на опасноста од климатските промени.

Леонардо ди Каприо, поборник за заштита на животната средина и домородните народи, ги потсети политичарите на обврските кои ги преземаа на неодамнешниот самит за климата во Париз.

Повеќе од 2.500 учесници се собраа на овогодишниот економски самит во Давос.