Балкан
5. December 2019 - 13:01

Ленарчич во Албанија: Тука сум за да кажам дека не сте сами

Европскиот комесар за справување со кризи, Јанез Ленарчич, денеска допатува во Албанија.

По средбата со премиерот Еди Рама и Министерот за земјоделство и кординатор за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, заедно отпатуваа за Драч, најпогоденото место од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември.

Тој во детали бил запознат со првичните проценки за штетите и за што Албанија има потреба.

Ленарчич изјавил дека неговото присуство во Албанија е показател на солидарност и подршка, ветувајќи при тоа максимално ангажирање и солидарост да се стори се за надминување на тешката ситуација.

-Моето присуство покажува солидарност. Целта е Албанија да не чувствува дека оваа ситуација ќе ја надминува сама,а на граѓаните дека не се осамени во оваа ситуација. Имаме силна и цврста посветеност да сториме се што е можно во оваа тешка ситуација, рекол еврокомесарот.

Освен Драч тој ќе го посети и кампот во Вора,општина во близина на Тирана.

Инаку, Европската Комисија вчера соопшти дека одлучила за санирање на штетите од разорниот земјотрес на Албанија да и додели 15 милиони евра.