Џет-Сет
4. July 2019 - 13:49

Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно на филм

Според „Холивуд лајф“, Лејди Гага и Бредли Купер преговараат за нова соработка на големото платно и, ако тоа успее, повторно ќе глумат двојка, но во друг жанр.

Имено, по „Ѕвездата е родена” – љубовната драма што ги спои, сега наводно, следуваат улоги во научно-фантастичен филм.

Третиот дел од Марвеловиот кино-хит „Чувари на галаксијата” е предвиден за 2021 година, а Лејди Гага можеби ќе биде нова суперхероина. Наводно, таа преговара за ликот на Лyла, во којашто пак, ликот на Бредли – Рокет Ракун ќе се вљуби.

По филмот „Ѕвездата е родена”, драмата продолжи и во вистинскиот живот… Прво Лејди Гага во февруари ја прекина свршувачката со Кристијан Карино, а пред околу еден месец и Купер се раздели со својата долгогодишна вонбрачна партнерка, манекенката Ирина Шајк.